0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Рама: Северна Македонија е пријател и стратешки незаменлив партнер за Албанија

Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер, изјави албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Албанија.

Тирана, 13 март 2019 (МИА) – Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер, изјави албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Албанија.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои нè обединуваат како држави, кои ѝ припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама, пренесува агенцијата АТА.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историско постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќор-сокак и се отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така создаде и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама. цр/са/

 

 

Back to top button
Close