Дописници МКДКултураКултура.Портал

Прва претстава на Градскиот театар за деца и младинци Велес

Градскиот театар за деца и младинци Велес, кој е во фаза на формирање, за учениците од училиштето во село Лозово денеска ја одигра претставата „Волшебниот часовник“ во режија на Младен Крстевски, која премиерно  со две претстави во  салата „Бели Мугри“ во Велес беше одиграна на 25 февруари годинава. Во наредните денови и месеци во салата „Бели Мугри“ во Велес ќе можат да ја проследат и учениците од останатите училишта и детските градинки и сите заинтересирани.

Велес, 15 март 2019 (МИА) – Градскиот театар за деца и младинци Велес, кој е во фаза на формирање, за учениците од училиштето во село Лозово денеска ја одигра претставата „Волшебниот часовник“ во режија на Младен Крстевски, која премиерно со две претстави во салата „Бели Мугри“ во Велес беше одиграна на 25 февруари годинава. Во наредните денови и месеци во салата „Бели Мугри“ во Велес ќе можат да ја проследат и учениците од останатите училишта и детските градинки и сите заинтересирани.

Сценографијата за претставата е на Илија Настев, видео дизајн  и музика на Снежана Митова Дишлиеска, а асистент на режија е Ирена Јакимовска.

Во претставата играат актерите: Слободанка Чичевска, Драган Миладиновски, Кирил Гравчев и студентите по глума Ане Павлов и Димитриа Марковски.

Како што информира Слободанка Чичевска, актер и една од иницијаторите за формирање на Градски театар за деца и младинци Велес, тие сега функционираат преку невладино здружение. Воедно се во преговори со надлежните од Општина Велес за поддршка и регистрирање на овој театар наменет за најмладите од Велес и поширокиот регион.

-Ние од Велес имаме десет студенти на Факултетот за Драмски уметности во Скопје и затоа  сакаме тие преку овој театар да се стекнат со пракса и така постепено низ претстави за најмладите да се претстават на публиката и да си го најдат своето место на театарската сцена. Со овие претстави ќе придонесеме и за побогат театарски живот наменет за најмладите од градот и поширокиот регион, потенцира Чичевска. ад/вј/

Back to top button
Close