Дописници МКДОпштински вести

Пробиштип инвестираше во уличното осветлување 

Општина Пробиштип инвестираше речиси еден милион денари во уличното осветлување. Старите светилки се заменети со енергетски ефикасни, со цел поголема заштеда на енергија.

Штип, 15 март 2019 (МИА) – Општина Пробиштип инвестираше речиси еден милион денари во уличното осветлување. Старите светилки се заменети со енергетски ефикасни, со цел поголема заштеда на енергија.

Бобан Стојмировски од Општина Пробиштип информира дека комплетно е завршена реконструкцијата на електрична инсталација за осветлување на улица „Тодор Александров“, на потегот помеѓу улиците „Методија Андонов – Ченто“ и „Димитар Влахов“, во должина од 230 метри.

-Истовремено се поставени осум енергетско ефикасни ЛЕД светилки на осум челични столбови. Исто така, ја завршивме изградбата на уличното осветлување на улицата „Кочо Рацин“ на потегот помеѓу улиците„Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ во должина 360 метри со 12 енергетско ефикасни ЛЕД светилки поставени на 12 метални столбови, изјави Стојмировски.

Тој посочи дека проектот го работеше економскиот оператор „КОД Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје и е во вредност од 932.989 денари, средства обезбедени од  буџетот на Општина Пробиштип. вдј/вј/

Back to top button
Close