Дописници МКДОпштински вести

Прилеп: Конкурс за природната реткост „Маркови Кули“

Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас“. Конкурост е дел од проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, кој е во програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП. 

Прилеп, 15 март 2019 (МИА) – Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас“. Конкурост е дел од проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, кој е во програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП.

Според Борче Јанкулоски, раководител на Локалниот еконмски развој во локалната самоуправа, ова е со цел мотивирање и активно вклучување на младите како дел од локалната заедница.

 -Младите  кои во повеќе наврати имале можност да го посетат овој комплекс, на овој начин преку своите ликовни изведби ќе дадат свој  придонес во визуелната идентификација на овој споменик на природата. Сакаме да го подобриме визуелниот ефект на заштитеното подрачје и да ја подобриме неговата експлоатација за развојот на самото подрачје и пристапноста до него, рече Јанкулоски.

На конкурсот може да учествуваат сите ученици од основните и средните училишта кои своите цртежи  треба ги достават до предметни наставници и потоа да бидат испратени до прилепската локална самоуправа до 10 април.

За членот на комисијата Александар Џинго потребни  се цртежи од  применетата уметност, бидејќи самата тема има своја намена, изработка на лого.

-Ова значи дека секоја творба треба биде врз принципите за цртање на графички дизајн, за чија намена е и конкурост. Учениците може слободно да се изразуваат во техниката, а форматот треба да биде А3 или блок број пет, што не е пресудно, бидејќи квалитетот се гледа во изведбата. Практично треба да се изработи илустрација на дадената тема од споменикот на културата Маркови Кули, рече Џинго.

Во Рамките на овој проект, заедно со Институтот за старословенска култура ќе се овозможи подобрување на заштитата на природата и промовирање  на одржливата употреба на природните ресурси и поодржливо управување со природните богатства во заштитеното подрачје.

-Институтот за старословенска култура како субјект на заштита и управување со заштитеното подрачје Маркови Кули со овој проект ќе добие трајно лого, чија функција би била афирмација на локалитетот. Учесниците можат да се инспирираат од многубројните содржини што ги нуди овој локалитет како камената тврдина, ридот Маркови Кули, манастирот „Трескавец“, истакна Александар Богданоски од Институтит за старословенска култура.

Изборот за најдобра уметничка творба, комисијата ќе го соопшти на 12 април за што е предвидена и награда.

Од прилепската локална самоуправа и од Институтот за старословенска култура информираат дека нареден чекор е поставувањето видео-мониторинг и осветлување на дел од локалитетот „Маркови Кули“, согласно нормите за заштите за да не се влијае инвазивно и да се нарушува биодиверзитетот на локалитетот.

Потоа, поставувањето на инфо –точка на потегот  „Кај слонот“ за потребите на посетителите и туристите, реконструкција на дел од  постојниот пат за да се спречи ерозија,  поставување на видиковци за панорамски разгледувања, како и поставувањето на информативни табли  и патокази за значајните локации. ем/ац/

Back to top button
Close