0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Познати сите учесници во четвртфиналето на Лигата на Европа

Најдраматично беше во чешката престолнина, каде Славија Прага успеа да го исфрли од турнирот еден од најголемите фаворити за трофејот - Севиља.

Лондон, 15 март 2019 (МИА) – По синоќешните дуели, станаа јасни имињата на тимовите кои се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа. Тоа се тимовите на Челзи, Наполи, Валенсија, Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Славија Прага и Бенфика.

Челзи го декласираше Динамо Киев со 5:0 како гостин по „хет-трикот“ на Оливие Жиру и со вкупен резултат од двете средби 8:0 го елиминира со неочекувана леснотија украинскиот клуб.

Наполи загуби на гостувањето кај Ред Бул во Салцбург со 1:3, но продолжува напред, откако ги победи Австријците со 3:0 во Неапол.

Валенсија се спаси со гол на Гонзало Гедеш во дополнителното време на реваншот со Краснодар, кој заврши со резултат 1:1. Во првата средба, „лилјаците“ беа победија со 2: 1 против рускиот тим, кој беше на чекор од четвртфиналето по погодокот на Магомед-Шапи Сулејманов во 85-тата минута. Меѓутоа, во 93. минута Гедеш ги шокираше домаќините и ја рангираше шпанската екипа за следната фаза.

Во Лондон, Арсенал победи со 3:0 против Рен и се реваншира за поразот со 1:3 на француска земја. Два гола за „топџиите“ постигна Пјер Емерик Обамејанг, а еден погодок реализира Ејнсли Мејтланд-Најлс.

Виљареал го надигра со 2:1 дома Зенит и со вкупен резултат 5:2 го елиминира тимот од Санкт Петербург, додека Ајнтрахт Франкфурт отстрани италијанскиот гигант Интер по победата од 1:0 во реваншот во Милано.

Првиот натпревар заврши 0:0, а Лука Јовиќ беше стрелец на единствениот погодок во реваншот, откако реализира во 5-тата минута.

Два судири мораше да се решат по дополнително време. Бенфика го победи со 1:0 Динамо Загреб во регуларното време (гол на Жонас), а во продолженијата „орлите“ од Лисабон реализираа уште два погодоци (дело на Феро и Алекс Грималдо) и ги елиминираа Хрватите со вкупен резултат од двете средби 3:1.

Најдраматично беше во чешката престолнина, каде Славија Прага успеа да го исфрли од турнирот еден од најголемите фаворити за трофејот – Севиља.

Во регуларното време, двете екипи завршија со 2:2 и го повторија резултатот од првиот натпревар. Во продолженијата, Шпанците први постигнаа гол и изгледаа дека се со едната нога во четвртфиналето, но Чесите не се предадоа. Тие стигнаа до 3:3 уште во крајот на првото продолжение, а во последните секунди на второто, Ибрахим Траоре беше прецизен за 4:3 и сензацијата беше факт.

Лига Европа, 1/8-финале, реванш-дуели:

Од 18:55:

Динамо Киев – Челзи 0:5 (во првиот натпревар 0:3)
0:1 Жиру (5)
0:2 Жиру (32)
0:3 Алонсо (45 + 1)
0:4 Жиру (59)
0:5 Хадсон-Одој (78)

РБ Салцбург – Наполи 3:1 (во првиот натпревар 0:3)
0:1 Милик (14)
1:1 Дабур (25)
2:1 Гулбрандсен (65)
3:1 Лаитген (90 + 2)

Краснодар – Валенсија 1:1 (во првиот натпревар 1:2)
1:0 Сулејманов (85)
1:1 Гедеш (90 + 3)

Од 21:00 часот:

Интер – Ајнтрахт Франкфурт 0: 1 (во првиот натпревар 0:0)
0:1 Јовиќ (5)

Бенфика – Динамо Загреб 3:0 по продолженија (во првиот натпревар 0:1)
1:0 Жонас (71)
2:0 Феро (94)
3:0 Грималдо (105)

Славија (Прага) – Севиља 4:3 по дополнително време (во првиот натпревар 2:2)
1:0 Нгаду-Нгаџуи (15)
1:1 Бен Једер (44-пенал)
2:1 Сучек (47-пенал)
2:2 Мунир (54)
2:3 Васкез (98)
3:3 Ван Бурен (102)
4:3 Траоре (119)

Арсенал – Рен 3: 0 (во првиот натпревар 1:3)
1:0 Обамејанг (5)
2:0 Мејтланд-Најлс (15)
3:0 Обамејанг (72)

Виљареал – Зенит 2:1 (во првиот натпревар 3:1)
1:0 Морено (29)
2:0 Бака (47)
2:1 Ивановиќ (90 + 1).вз

Таг
Back to top button
Close