Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Потпишување меморандум за финансиска едукација и инклузија

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ќе потпишат меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија.

Скопје, 20 март 2019 (МИА) – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ќе потпишат меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија.

На потпишувањето ќе бидат најавени бројни активности што ќе се реализираат во рамки на одбележувањето на Глобалната недела на парите во нашата држава.

На настанот, ќе се обратат гувернерката на Народната банка Анита Ангелоска-Бежоска, министерот за финансии, Драган Тевдовски, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС Максуд Али, како и Ратка Целаковски, координатор на Дирекцијата за работи непосредно поврзани со претседателот и Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето.скс/са/

 

Back to top button
Close