Дописници МКДОпштински вести

Полицијата најавува соработка со заедницата за заштита од пожари

Соочени со зачестени пожари во шумски појаси и ниви, на трска во крајбрежието и на други површини на отворен простор, СВР Охрид ќе презема зајакнати мерки на превентивен и репресивен план.

Кичево 19 март 2019 (МИА) – Соочени со зачестени пожари во шумски појаси и ниви, на трска во крајбрежието и на други површини на отворен простор, СВР Охрид ќе презема зајакнати мерки на превентивен и репресивен план.
Целта е, заштита на луѓето и нивните животи, на имотите и на природните богатства, намалување на штетните последици, подигање на свеста за опасноста од пожарите, но и санкционирање на несовесни поединци-предизвикувачи на пожар.
Во таа насока, СВР-Охрид ги вклучува сите капацитети за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар и негово локализирање. Предвидена е соработка со територијалните против-пожарни единици, ЦУК, ЈП „Македонски Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, медиумите, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции.
Ќе има заеднички патроли на полициски и службеници од шумската полиција, со цел превенирање и санкционирање на несовесно однесување на поединци, надзор на претпријатијата што стопанисуваат со шуми и насоки за зајакната контрола на терен со примена на законската регулатива.
Предвидена е интензивна соработка со институциите на локално и регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства.
Како дел од концептот „Соработка помеѓу полицијата и заедницата”, а со цел превенција и заштита од пожари, ќе има средби со советодавни групи на граѓани, локални совети за превенција, како и дистрибуција на пропаганден материјал и флаери за едукација и информирање на населението, информираа СВР- Охрид. рз/сст/

Back to top button
Close