0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Победа и мал Кристален глобус во суперџи за Парис

Тој ги остави зад себе Мауро Кавизел од Швајцарија, кој остана на 0,15 секунди зад него, а трети се нареди Винсент Крихмаер од Австрија, на 0,44 од првото место.

Солдеу, 14 март 2019 (МИА) – Италијанецот Доминик Парис ја освои денешната трка во суперџи во Солдеу, Андора, дел од Светскиот куп во алпски ски-дисциплини, откако вчера триумфира во спуст. Резултатот на Парис, кој стартуваше со број 7, е 1:20,42 минути.

Тој ги остави зад себе Мауро Кавизел од Швајцарија, кој остана на 0,15 секунди зад него, а трети се нареди Винсент Крихмаер од Австрија, на 0,44 од првото место.

Со денешната победа Парис, кој е светски шампион во дисциплината, го освои и малиот Кристален глобус, откако има три освоени трки и две трети места. Италијанецот по денешниот успех собра 430 бода, а по него е Крихмаер (Австрија) со 346 поени.

И додека Микаела Шифрин не престанува да прибира трофеи и признанија, тогаш за Парис, макар и светски шампион во дисциплината, немаше ниту голем ниту мал Кристален глобус до денес.

Нападот на Норвежаните денеска се покажа неуспешен и најдобро претставување беше она на Кетил Јансруд, кој за малку не се качи на подиумот, завршувајќи на 4-то место. Топ 6 ги дополнуваат Кристоф Инерхофер (Италија) и Матијас Мајер (Австрија).

Во рангирањето за Светскиот куп, Парис е на 4-то место со 950 поени, а шампионот за оваа сезона – Марсел Хиршер (Австрија) денеска не учествуваше и води со 1.508. Втор е Алекси Пинтуро со 999 поени, откако денеска заврши на 16-то место, а трет е Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 988.

Пласман во суперџи трката во Солдеу (мажи):

1. Доминик Парис (Италија) 1: 20.42 минути
2. Мауро Кавизел (Швајцарија) 1: 20.57
3. Винсент Крихмаер (Австрија) 1: 20.86
4. Кетил Јансруд (Норвешка) 1: 21.00
5. Кристоф Иннерхофер (Италија) 1: 21.12
6. Матијас Мајер (Австрија) 1: 21.44

Пласман за малиот Кристален глобус во суперџи:

1. Доминик Парис (Италија) 430 поени
2. Винсент Крихмаер (Австрија) 346
3. Мауро Кавизел (Швајцарија) 324

Генерален пласман во Светскиот куп:

1. Марсел Хиршер (Австрија) 1508 поени
2. Алекси Пинтуро (Франција) 999
3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 988
4. Доминик Парис (Италија) 950
5. Винсент Крихмаер (Австрија) 739
6. Беат Фојц (Швајцарија) 722.вз

Таг
Back to top button
Close