Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Пешаци повредени по удар од автомобил во Струга

Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Струга, 7 март 2019 (МИА) – Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.

– Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан ДИмоски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.сс/дма/

Фото: МИА архива

Back to top button
Close