0_Магазин.ПорталЗанимливости

Папа избегнува верниците да му го бакнат прстенот

Снимка на која се гледа како папата Франциско упорно ја повлекува дланката за верниците да не му го бакнат прстенот, е новата причина за судир меѓу конзервативната и прогресивната струја во Римокатоличката црква.

Рим, 27 март 2019 (МИА) – Снимка на која се гледа како папата Франциско упорно ја повлекува дланката за верниците да не му го бакнат прстенот, е новата причина за судир меѓу конзервативната и прогресивната струја во Римокатоличката црква.

Откако беше објавена снимката направена завчера при посетата на папата на италијанскиот град Лорето, конзервативната католичка интернет-страница „Лајф сајт њуз”, која често го критикува католичкиот поглавар, го оцени случајот како „вознемирувачки” во насловот на написот во кој пишува за долгата историја и значењето на прстенот на папата.

– Франциско, ако не сакаш да бидеш Христов намесник, тогаш тргни се оттаму, напиша порталот „Рората чаели” на својот Твитер.

Од друга страна пак, папскиот биограф Остен Иверејг порача дека папата само се обидува да воспостави поблизок однос со верниците, наместо тие кон него да се однесуваат како кон „света реликвија”. – Тој е Христов намесник, а не римски цар, истакна Иверејг.

Со тоа се согласува и езуитскиот свештеник Расел Полит, кој смета дека конечно е време да се престане со праксата на бакнување на прстенот на бискупите.

– Тоа е едноставно смешно и нема никаква врска со традиција. Тоа е увезено од монархизмот, смета Полит. си/сп/

Таг
Back to top button
Close