0_Спорт.ПорталРезултатиТенис

Осака и Халеп аут од Индијан Велс

Бенчиќ е во серија од пет последователни победи против тенисерки од топ 10, против четири од кои победи на патот кон титулата во Дубаи на крајот на февруари.

Индијанаполис, 13 март 2019 (МИА) – Швајцарката Белинда Бенчиќ ја собори бранителката на титулата и лидерка во светската ВТА листа – Наоми Осака (Јапонија) со 6:3, 6:1 и се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Индијан Велс (САД) со награден фонд од 8.36 милиони долари.

Бенчиќ, поставена под број 23, направи пет брејка и стигна до успехот за 65 минути на теренот.

– Таа е број 1 во светот, освои се во последните неколку месеци. Мислам дека одиграв одличен натпревар. Навистина сум задоволна од себе. Сервирав добро. Во првиот сет играв многу силно и се радувам дека го зачував ритамот и во вториот, кога ветрот се подзасили и дефинитивно ни отежни. Тактички се справив одлично, прокоментира Швајцарката која забележа 11-ти последователен успех на ВТА турнејата.

Бенчиќ е во серија од пет последователни победи против тенисерки од топ 10, против четири од кои победи на патот кон титулата во Дубаи на крајот на февруари.

Освојувачката на Отвореното првенство на Австралија, Осака имаше проблеми во дуелот, откако запиша 28 неизнудени грешки наспроти само 10 винери.

За место во полуфиналето, Швајцарката ќе игра против поранешната број 1 во светот, Каролина Плишкова (Чешка), која се справи со естонката Анет Контавејт со 7:6 (0), 4:6, 6:2.

Друга поранешна лидерка во светската листа, Анжелик Кербер (Германија), исто така продолжува напред по успехот над Арена Сабаленка (Белорусија) со 6:1, 4:6, 6:4.

Така број 8 во шемата, Кербер стигна до четвртфиналето во Индијан Велс за втора година по ред, а следната нејзината соперничка ќе биде претставничката на домаќините Венус Вилијамс, која елиминира друга Германка, Мона Бартел со 6:4, 6:4.

Шампионот во 2015 година и број 2, Симона Халеп (Романија) доживеа пораз во четвртиот круг од Маркета Вондроушова (Чешка) со 2:6, 6:3, 2:6.

Вондроушова ќе игра во четвртфиналето против Елина Свитолина (Украина), која тешко ја совлада австралиската тенисерка Ешли Барти со 7:6 (8), 5:7, 6:4.вз

Таг
Back to top button
Close