Дописници МКДОпштински вести

Општината обезбеди инвентар за кривопаланечките пензионери

Здруженијата на старосни пензионери и пензионери-инвалиди на трудот од Крива Паланка и Ранковце добија донација, нови столчиња за потребите на просториите на дневниот пензионерски престој.

Крива Паланка, 11 март 2019 година (МИА) – Здруженијата на старосни пензионери и пензионери-инвалиди на трудот од Крива Паланка и Ранковце добија донација, нови столчиња за потребите на просториите на дневниот пензионерски престој.

Донацијата е овозможена со посредство на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка во соработка со фирмата „Ледер“ од Кочани.

– Денес се доставени шеесетина дрвени столови во просториите на Здружението на пензионери од Крива Паланка, лоцирани во зградата на Меѓуопштински центар за социјални работи. Со истите обновен е стариот дотраен инвентар што не е обновен со децении. Ова е само дел од инвентарот потребен за извршување на редовните активности на пензионерите кои најчесто се одвиваат во просториите на  пензионерскиот дом каде се дружат и играат друштвени игри, разговараат, посочија од службата за информирање при Општина Крива Паланка.

Оттаму посочија дека донацијата е обезбедена во насока на унапредување на соработката и  подобрување на условите на пензионерите во Крива Паланка. ид/мс/

Back to top button
Close
Close