Дописници МКДОпштински вести

Општина Куманово почна со градежни активности за подготовка за изградба на спортска сала

Општина Куманово согласно склучениот договор со Министерството за образование и наука, почна со изведување на градежни активности за подготовка на теренот за изградба на спортска сала во близина на средното стручно училиште „Наце Буѓони“. Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски информираше дека договорот е склучен со МОН со чии средства ќе се гради училишната сала, а општината презела обврска да обезбеди подготовка на просторот каде што е предвидена изградбата на салата.

Куманово, 15 март 2019 (МИА) – Општина Куманово согласно склучениот договор со Министерството за образование и наука, почна со изведување на градежни активности за подготовка на теренот за изградба на спортска сала во близина на средното стручно училиште „Наце Буѓони“.

Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски информираше дека договорот е склучен со МОН со чии средства ќе се гради училишната сала, а општината презела обврска да обезбеди подготовка на просторот каде е предвидена изградбата на салата.

Поради скратените буџетски средства за тековната година, општината преку донации на приватна компанија почна со градежни активности за израмнување на земјиштето.

– Треба да го порамни, подготви теренот за поставување на темелната конструкција, да обезбеди дотур на вода и сите други енергенси и да изгради пристап до самиот објект. Поради скратени буџетски средства од минатата година, не успеавме овие средства да ги предвидиме во буџетот и во рамки на постоечкиот буџет најдовме решение и ангажираме фирма што ќе работи на овој опфат. Да се заблагодарам на фирмата што прифати најголем дел од оваа работа да започне со донација од нивна страна и да понуди услуга на општината, КООП Инженеринг, Куманово, рече Димитриевски.

Општината воедно издала и градежна дозвола за изградба на салата што е финансирана од Владата, преку МОН. Димитриевски се надева дека до крајот на годината ќе биде реализирана оваа капитална инвестиција од Владата, со што спортската сала ќе добие едно од најголемите средни училишта во Куманово. Претходно, во Куманово беше изградена спортската сала во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик. ам/мс/

Back to top button
Close