Дописници МКДОпштински вести

ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка со ознака „е-Твининг училиште“

Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка ја доби ознаката за е-Твининг училиште во конкуренција на повеќе училишта од Европа. Обележјето е резултат на еднодецениската активна вклученост на училиштето во „е-Твининг“- платформат

Крива Паланка, 27 март 2019 (МИА) – Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка ја доби ознаката за е-Твининг училиште во конкуренција на повеќе училишта од Европа. Обележјето е резултат на еднодецениската активна вклученост на училиштето во „е-Твининг“- платформата.

-Наставниците активно работат на е-Твининг проекти и се добитници на повеќе е-Твининг награди. Училиштето оваа година аплицираше и во конкуренција од повеќе училишта од Европа  ја доби ознаката за е-Твининг училиште, со што ќе биде препознаено на картата на европските училишта како училиште со развиени иновативни методи, техники и ИКТ- алатки во наставата.Посебно заслуга за оваа награда имаат наставниците, учениците и директорот на училиштето Дане Петровски, кои неуморно работат и соработуваат со единствена цел- подобра и иновативна настава.Од неодамна училиштето има и свој блог https://ooujoakimkrchovski.home.blog/, изработен од тимот на проектот „Иднина“  кој е дел програмата Еразмус +, информираат од ООУ „Јоаким Крчовски“.

Е-Твининг е жива заедница која вклучува околу половина милион наставници кои работат во 190 илјади училишта.

Во периодот на тринаесетгодишното постоње на оваа програма  изготвени се повеќе од 70.000 проекти, кои вклучуваат над два милиони ученици од целиот континент.

„Е-Tвининг – заедница“ на училишта во Европа и соседни партнерски земји  е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамки на програмата Еразмус + и вклучува наставници од 36 европски земји и осум соседни земји. ид/сст/

Back to top button
Close