Дописници МКДОпштински вести

Окрупнувањето на земјоделското земјиште е во интерес на земјоделците

Се надевам дека ќе имаме голем интерес од земјоделците кои ќе се вклучат во овој просец на окрупнување на земјоделското земјиште, кое е навистина во нивен интерес со цел земјоделското производство да биде порентабилно и производствените трошоци да бидат што помали, истакна Кирил Ѓоргиевски, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето во Струмица.

Струмица, 12 март 2019 (МИА).- Се надевам дека ќе имаме голем интерес од земјоделците кои ќе се вклучат во овој просец на окрупнување на земјоделското земјиште, кое е навистина во нивен интерес со цел земјоделското производство да биде порентабилно и производствените трошоци да бидат што помали, истакна Кирил Ѓоргиевски, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето во Струмица.

Додаде дека се тука за да ја направат втората селекција на нови 12 региони кои ќе бидат избрани како најповолни за консолидација.

Според Наташа Љубицки Ангелиќ од проектот „Маинленд“ се дава поддршка на ресорното министерство за цела програма за консолидација, која треба да биде една од стратешките определби на министерството во подолг период.

– Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште и кои се краткорочните и долгорочните придобивки кои земјоделците би ги добиле од учество во постапка за окрупнување на земјоделското земјиште, рече Љубицки Ангелиќ.

Смета дека еден од лимитирачките фактори за развој на македонското земјоделство е премногу големата фрагментираност на поседите. Земјоделските имоти се расцепкани на две, три, пет па и на десет парцели, што значи дека ова производство е скапо, но е и не е ефикасно.

– Во Струмичкиот регион ја имаме најголема потреба и оправданост на почнување на постапките за окрупнување. Лани кога правевме селекција еден од регионите кои ја поминаа беше атарот на селото Моноспитово, во Струмичко и вториот во атарот на село Стојаково, во Гевгелиско-Богданскиот регион. Во Стојаково постапките отпочнуваат сега, а во Моноспитово не-од проста причина што од геодетските компании немавме добри апликации од нив за да го имплементираат проектот во село Моноспитово, рече Наташа Љубицки Ангелиќ од проектот „Маинленд“.

Пред присутните земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села, локални самоуправи и геодетски фирми се обрати и Нефрус Челику, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Две регионални работилници за консолидација на земјоделско земјиште се одржаа минатата недела во Прилеп и Куманово. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво, каде што проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и АПРЗ, ќе посетат неколку целни заедници, вклучително селата Кривогаштани, Старо Нагоричане, Василево и Колибари, со цел да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.

Проектот е финансиран од Европската Унија „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), кој го спроведува Агецијата за храна на ОН во соработка со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. рт/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close