0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Јокиќ со звукот на сирената го разочара Дончиќ (видео)

Србинот се истакна само со 11 поени, но 2 од нив беа најважните. Тој сепак додаде 14 скока и 8 асистенции за победниците, а Пол Милсап постигна рекордни за него сезонава 33 поени.

Денвер, 15 март 2019 (МИА) – Никола Јокиќ го разочара Лука Дончиќ во битката на две од младите европски ѕвезди во НБА, откако ја донесе победата на Денвер над Далас со 100:99 со кош со звукот на сирената.

Маверикс водеа со 12 поени на почетокот на последната четвртина и макар и да ја загубија предноста, Дончиќ излезе на сцената со моќно забивање, за да ја врати предноста на 6 секунди пред крајот.

Преостанатото време, сепак, беше доволно за Јокиќ, кој реализираше шут од околу 3 метри со една рака и така го обезбеди триумфот на Нагетс кој останува втор на Запад со биланс 45-22. Домаќините ја освоија последната четвртина со 21:10.

Србинот се истакна само со 11 поени, но 2 од нив беа најважните. Тој сепак додаде 14 скока и 8 асистенции за победниците, а Пол Милсап постигна рекордни за него сезонава 33 поени.

Дончиќ постигна 24 коша за Далас.

Останатите резултати:

Индијана – Оклахома Сити 108:106
Орландо – Кливленд 120:91
Бостон – Сакраменто 126:120
Торонто – ЛА Лејкерс 111:98
Јута – Минесота 120:100.вз

Таг
Back to top button
Close