Дописници МКД

Охридската противпожарна единица за три месеци интервенирала рекордни 135 пати

Територијалната противпожарна единица во првото тромесечие на тековната година реализирала рекордни 135 интервенции, при што се успешно изгаснати најразлични пожари на територијата на општините Охрид и Дебрца.

Охрид, 14 март 2019 (МИА) – Територијалната противпожарна единица во првото тромесечие на тековната година реализирала рекордни 135 интервенции, при што се успешно изгаснати најразлични пожари на територијата на општините Охрид и Дебрца.

Според типот, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 пат биле гаснети пожари на отворен простор додека во четири наврати биле гаснети опожарени возила.

Станува збор за рекорден број интервенции за последните 14 години, а во најголем број од случаите се работи за пожари предизвикани од небрежност и непочитување на законските одредби.

Од Територијалната противпожарна единица апелираат до граѓаните доколку користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии. Особено се предупредуваат лицата кои палат оган во посевите и стрништата на високите казни предвидени за предизвикувачите на пожари. аб/скс/

 

Back to top button
Close