Верски календар

Од верските календари

16 март 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 март.

Денеска е Св. маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск (Тодорова сабота).

Овие тројца маченици му беа блиски пријатели на свети Теодор Тирон. Беа затворени заедно со него. По неговото мачеништво се така остануваа во затворот, бидејќи се случуваше смена на намесникот. Неговиот намесник набрзо ги извади од затворот и се трудеше на разни начини да ги натера да се откажат од Христа, но откако се увери во нивната цврстина во верата, ги осуди браќата Евтропиј и Клеоник да бидат распнати на крст, а на Василиск, инаку роднина на свети Теодор Тирон, нареди да му ја отсечат главата. Така и се случи и овие тројца пострадаа околу 308 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Хилариј и Тацијан.

Хилариј бил бискуп во Аквилеја, а Тацијан бил негов ѓакон. Во 284 година за време на царот Нумеријан умреле маченички бидејќи не сакале да се откажат од верата во Христос.

Back to top button
Close