0_Магазин.ПорталПатувања

Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзии на интернет (видео)

Новата туристичка кампања на албанската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет.

Тирана, 18 март 2019 (МИА) – Новата туристичка кампања на албанската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет.

Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна алузија на филмот „Taken“, која, според многумина, е и збунувачка.

Во филмот Нисон глуми агент на ЦИА чија ќерка е киднапирана од албански шверцери и криминалци.

Креаторите на видеото и директно му се обраќаат на Нисон, користејќи реплики од филмот и повикувајќи го да ја посети Албанија и да биде обземен од нејзините убавини. си/сп/

Таг
Back to top button
Close