0_Магазин.ПорталСцена

Најавена премиера на претпродолжението на „Сопранови“

Продуцентската куќа „Ворнер Брос“ го најави датумот на премиерата на претпродолжението на хит-серијата „Сопранови“, првично насловено „Сите светци на Њуарк“, а сега наречено само - „Њуарк“.

Лос Анџелес, 15 март 2019 (МИА) – Продуцентската куќа „Ворнер Брос“ го најави датумот на премиерата на претпродолжението на хит-серијата „Сопранови“, првично насловено „Сите светци на Њуарк“, а сега наречено само – „Њуарк“.

Овојпат се работи за филм, а не за серија и приказната го следи ликот на Тони Сопрано во младоста. Во серијата, Сопрано го глумеше холивудската легенда Џејмс Гандолфини, а младиот лик ќе го толкува неговиот син – Мајкл Гандолфини.

Сценариото и за филмот ќе го пишува креаторот на „Сопранови“ – Дејвид Чејс. Режијата е на Алан Тејлор.

Премиерата е закажна за 25 септември 2020 година. си/сп/

Таг
Back to top button
Close