0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 24.03.2019 во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени мотоциклисти. При контролата вкупно биле откриени 37 прекршоци (ТЕ-24 и ГВ-13)

Скопје, 25 март 2019 (МИА) – На 24.03.2019 во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени мотоциклисти. При контролата вкупно биле откриени 37 прекршоци (ТЕ-24 и ГВ-13), од кои девет управување без дозвола (ТЕ-5 и ГВ-4), исто толку истечена регистрација (ТЕ-6 и ГВ-3), 11 мотоциклисти управувале без заштитена шлем (ТЕ-5 и ГВ-6), а 3(ТЕ) со истечена осигурителна полиса. При контролата констатирани се и девет други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-4 ). Откриените прекршоци биле заокружени со 35 прекршочни платни налози (ТЕ-22 и ГВ-13), со 15 исклучени од сообраќај (ТЕ-10 и ГВ-5), една писмена опомена (ТЕ) и шест покани за сообраќајна поука (ГВ).

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло. Притоа, исконтролирани се вкупно 1262 возила и возачи и било констатирано дека 77 возачи ја надминале дозволената брзина, 37 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 21 возило, а присуство на алкохол е откриено кај шест возачи и тие биле исклучени од сообраќај.

На 24.03.2019 во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање на прекршоци од возачите на мотоцикли и мопеди. Во акцијата се откриени 24 прекршоци, за кои се издадени 24 прекршочни платни налози.

На 24.03.2019 околу 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во шумскиот појас помеѓу кичевските села Жубрино и Поповјани, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и ниско стеблеста шума. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Кичево.

На 24.03.2019 околу 16.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во месноста „Кутлабица“, атар на кичевското село Туин, настанал пожар, при што била опожарена поголема површина со дабова и борова шума. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Кичево.

На 24.03.2019 во 18.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на железничката станица на влез од Тетово, непознато лице го каменувало патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Кичево. Притоа, било искршено едно прозорско стакло, додека повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(51) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”. На 03.03.2019 околу 16.00 часот во атар на село Никуштак, кумановско, пријавениот, од пиштол, кој го поседувал со соодветна дозвола, испукал куршум, при што се здобил со телесна повреда во пределот на раката.

На 24.03.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.С.(63) од Скопје пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син В.С.(38) од Скопје, кој има здравствени проблеми и претходно се оддалечувал од дома Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во домот на пријавениот во Штип полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х.(38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.09.2017 година при претрес во домот на пријавениот во Кичево полициски службеници пронашле и одзеле хероин и шишенца со метадон.

На 24.04.2019 во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.И.(81) од Скопје пријавил дека во периодот од 14.00 часот на 23.03.2019 до 08.30 часот на 24.03.2019 година настанал пожар во неговата викенд куќа и помошна просторија на место викано „Чукур“ во село Јурумлери, скопско. Извршен увид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.С.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.11.2018 година во Пробиштип, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, била пронајдена и одземена ловечка пушка „Застава“, за која не поседувал соодветна дозвола. вг/

Back to top button
Close