ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.11.2018 во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Скопје, 19 март 2019 (МИА) – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.11.2018 во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Вчера во 23:00 часот на Граничниот премин „Табановце“ , при проверка на лицето Л.А.(22) од Република Албанија, било констатирано дека се наоѓала на листата со мерка „забрана за влез’’ до 09.09.2020. Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во 23:30 часот вчера на Граничниот премин „Табановце“, на излез од РСМ, при проверка на лицето О.Е.(43) од Република Албанија, било констатирано дека лицето остварило илегален влез. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 11:10 часот на крстосница од улиците „11-ти Ноември“ и „Васил Главинов“ во Куманово, патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(65) од село Липково, удрилo во мопед „Кавасаки“ со белгиски национални ознаки, управуван од А.А.(26) од село Челопек, кумановско и паркирано патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ф.М.(32) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А. на кој му била укажана помош во болницата во Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Во 17:00 часот во текот на вчерашниот ден на улица „Нов живот“ во Скопје, мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош,. Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанат помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот.

Вчера во 14:30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.

Околу 13:30 часот во Полициската станица Струмица вчера било пријавено дека настанал пожар во близина на караула „Коњарево“, под село Старо Коњарево, струмичко, кој зафатил површина од околу 1,5 хектари нискостеблеста шума и папрат. Во 16:30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица-Ново Село.

Вчера во 11:30 часот било пријавено дека во село Вакуф, кратовско, маало Портарци, настанал пожар на отворен простор кој зафатил околу еден хектар сува трева, нискостеблеста шума и тополи. Пожарот бил изгаснат околу 12.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Кратово. Увид извршила екипа од Полициската станица Кратово.

Вчера во 14:15 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(35) од Скопје пријавил дека на 17 март 2019 година околу 02:00 часот на булевар „Партизански Одреди“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во 14:20 часот во Полициската станица Центар, Г.Ч.(71) од Скопје вчера пријавил дека истиот ден во 12:00 часот на улица „11-ти Октомври“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.фф/са/

Back to top button
Close