ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Скопје, 13 март 2019 (МИА) – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 11.03.2019 во село Глажња, општина Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А., татко на пријавениот, и во собата на пријавениот биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Во текот на денешниот ден е пронајдена и вратена во СОС „Детско село“ 16-годишна штитеничка на установата, која беше пријавена за исчезната на 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба. Таа во неколку наврати досега смоволно ја напуштала установата и била пронаоѓана и враќана назад од страна на полицијата.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле 294 грама марихуана, семки од Cannabis, 47,5 милилитри хашиш-смола, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Ноќеска во 01:55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50). Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Вчера во 13:15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата. Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот. Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска околу 06:50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(52) од село Секирани, битолско. Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола вчера извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло. При контролата, констатирано е дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола, кај двајца возачи било утврдено присутво на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила,технички неисправни осум возила, појас не користеле двајца возачи и на мобилен телефон разговарале двајца возачи. Четири возачи се писмено опоменати , а изготвени се 39 мандатни платни налози и 26 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 25 прекршоци.

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, Е.К.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот на улица „Московска“ неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од 14-годишен малолетник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.03.2019, во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,Фолксваген Пасат“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Вчера околу 17:00 часот во Полициската станица Кичево, О.Ѓ.(36) од Кичево пријавила дека истиот ден на улица „Живко Туфекџиоски“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, Ќ.Ф.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од четири лица меѓу кои било и лицето И.Н.(17) од Скопје. Исто така, на 12.03.2019 година во 17.30 часот И.Н.(17) пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ бил физички нападнат од Ќ.Ф.(47). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11 март во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во атар на село Радобил, при што била зафатена дабова шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, Д.П.(33) пријавил дека истиот ден околу 20:30 часот пред гостилница на улица „Перо Наков“ бил физички нападнат од Ф.Б.(47). Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Вчера во Полициската станица Виница, В.Т.(37) од село Градец, виничко, пријавила дека околу 13 часот нејзината малолетна ќерка била касната од куче, сопственост на Е.С. од истото село, без надзор и заштитна корпа. Изготвен бил записник за констатиран прекршок.

Утрово во 05:30 часот во СВР Скопје, З.В.(51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01:30 часот во неговиот угостителски објект на улица „Народен Фронт“ бил физички нападнат од Б.Р.(21), Г.С.(36) и Н.Р.(47), сите од Скопје. Тројцата биле приведени во полициска станца и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(39) и Е.В.(30), двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.Ј.(37) од село Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“. На 03.03.2019 пред угостителски објект во Струга прво и второпријавениот физички го нападнале Р.Ч.(42) од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга дал лажен исказ во врска со настанот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.04.2018 на излез од Гостивар, кај место викано „Здуњска крстосница’’, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Рено Клио’’, управувано од пријавениот, во кое имало уште четири сопатници, при што пронашле и одзеле марихуана.

Синоќа во 23:00 часот во Полициската станица Чаир, Е.И.(37) од Скопје пријавила дека истиот ден од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка В.И.(18), која боледувала од епилепсија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С., вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал. На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот приведено е едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(37) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.08.2018 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2019 пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини.

Ноќеска околу 3 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Џон Кенеди“ во Скопје биле опожарено возило „Фолксваген голф“, сопственост на Ф.А., а огнот делумно го зафатил и возилото „Пежо“, сопственост на И.Ѓ. од Скопје. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од село Тимјаник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.12.2018 во село Тимјаник, полициски службеници извршиле при претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства. дма/сст/

Back to top button
Close