0_Македонија.ПорталОпштество

Министерката Царовска присуствуваше на отворање на првата бејгл-пекарница во Струмица

Во Македонија се профилираат големи организации кои ќе му помогнат на населението кое живее во одредена општина и нуди можност за професионално рехабилитирање на луѓето на кои претходно им нуделе услуга психотерапевт или други видови услуги, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешното отворање на првата бејгл-пекарница во Струмица.

Струмица, 1 март 2019 (МИА) – Во Македонија се профилираат големи организации кои ќе му помогнат на населението кое живее во одредена општина и нуди можност за професионално рехабилитирање на луѓето на кои претходно им нуделе услуга психотерапевт или други видови услуги, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешното отворање на првата бејгл-пекарница во Струмица.

Додаде дека ниту едно лице не може вистински да биде вклучено во општеството ако не е работно ангажирано и ако не се грижи сопствениот леб да го заработи на дневно ниво.

-Не секој од нас има еднаква шанса да се пробие на пазарот на трудот и токму затоа постојат овој тип организации и затоа државата треба да подаде рака и да создаде услови овие лица да се вклучат во пазарот на трудот со максимална поддршка на сите оние што ќе застанат зад нив, рече министерката Царовска.

Според Сократ Манчев, претседател на Здружението „Избор“ од Струмица, отворањето на пекарницата е планирано подолго време како проект на нивното социјално претпријатие.

-Во првата таква пекарница во Македонија ќе се обидеме на струмичани да им понудиме брза, но здрава храна. Јас се надевам дека овој проекет ќе стане модел како треба да се поддржи едно социјално претпријатие од почеток до крај, рече Манчев.

Очекува со овој проект да се отворат нови работни места, а ќе се развива и практикантството. Лицата, пак, кои ги користат услугите на терапевтската зедница „Покров“ ќе имаат можност да го научат пекарскиот занает и да се вработат.

Отворањето на пекарницата го поздрави и директорот на Германското друштво за интернациоална соработка за Северна Македонија и Косово, Давид Оберхубер. рт/сст/

Back to top button
Close