МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

9:30/14 март 2019

9:30/14 март 2019

– Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци.

– Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на неговиот македонски колега Никола Димитров.

– Министерството за локална самоуправа организира дводневен консултативен форум за програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

– Турција е дом на околу 4,7 милиони странци од 192 држави, посочуваат податоци на турската служба за миграција.

– Шведското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и побара еден од службениците во Амбасадата да ја напушти државата, објави шведскиот весник „Дагенс нјухетер“.

– Претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Баркоу изјави дека британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија.

– Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата.

– Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави (УНАСУР), објави претседателот на таа држава Ленин Морено.

– Поранешниот број еден во светскиот тенис, Рафаел Надал продолжува со сигурна игра на првиот за годината турнир од сериите „Мастерс 1000“ во Индијанаполис. Негова жртва беше Србинот Филип Краиновиќ, а средбата меѓу нив траеше околу час и половина.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close