МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

14:30/12 март 2019

14:30/12 март 2019

– Договорот од Преспа е историски чекор и иднината ќе покаже дека е корисен за граѓаните и на Северна Македонија и на Грција, беше посочено на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев и Танасис Теохаропулос, претседател на политичката партија ДИМАР и пратеник во грчкиот Парламент, кој беше придружуван од неговите соработници.

– Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ја промoвира новата услуга т.н. сервис – деск, дизајнирана и имплементирана со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

– Надзорот на безбедно-разузнавачките служби да се концентира во едно законско решение, кое пред пратениците ќе се најде по претседателските избори, создавање услови за работа на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите согласно НАТО и европските стандарди, инвестирање во т.н. глува соба, регулирање на употребата и архивирањето на документите кои се класифицирани, биле темите на денешната средба во Собранието на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и членовите на оваа собраниска Комисија, предводена од нејзиниот претседател, пратеникот Емил Димитриев.

– Фактот што Иванов продолжува со деструктивната политика во случајот е уште еден мотив повеќе зошто сега треба максимално да се ангажираме и да го направиме вистинскиот избор на претстојните претседателски избори и да не оставиме ниту теоретска шанса да ни се повтори тоа што го имавме во изминатите 10 години. Република Северна Македонија е парламентарна демократија и последниот збор во носење на законите го има Собранието. Секој обид за неуставно наметнување на претседателски систем е казниво дело.

– Лекарите од Универзитетската клиника во Тирана и Регионалната болница во Скадар, денеска излегоа на протест поради зачестеното насилството врз нивните колеги.

-Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис, во присуство на атинскиот градоначалник Јоргос Каминис ја потпиша одлуката за изградба на првиот крематориум во Грција, соопштуваат од Општина Атина.

– Децата во Италија кои не можат да докажат дека се вакцинирани, од денеска нема да можат да посетуваат училишна настава, се додека не се вакцинираат, јави Би-Би-Си.

Преговарачите на ЕУ постигнаа договор за правилата за заштита на известувачите – (свиркачите), за воведување на безбедносни механизми за известување и мерки против одмазда, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

– Властите на Израел најавија изградба на повеќе од 20.000 илегални станбени единици на територијата на окупираниот источен Ерусалим.

– Лидерот Ким Џонг-Ун не е на листата на 687 кандидати избрани во севернокорејскиот парламент на изборите во неделата, објавија државните медиуми, иако неговата сестра е изгласана во парламентот.

 

Back to top button
Close