Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

20 март 2019

20 март 2019

Скопје – Заменик-претседателот на полскиот Сејм Ришард Терлецки во посета на Собранието на Република Северна Македонија. (Собрание на Република Македонија/сала на Влада/16:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје –  Форум на тема: „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“ на кој ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. (х. „Холидеј Ин“, сала „Милениум 1“/10:00)

Делчево – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во реконструкција на регионалниот пат Делчево – Звегор (граничен премин Делчево). (изјави за медиумите на регионалиот пат Звегор/11:30)

Скопје – Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини ќе ја отворат конститутивната седница на секторската работна група за локален и регионален развој во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. (Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија/11:00)

Скопје – Министерот за образование и наука, Арбер Адеми ќе учествува на промоција на новиот Kонцепт за граѓанско образование. (х. „Александар Палас“/11:00)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски ќе одржат прес-конференција, чија цел е поголема информираност за правата и обврските на патниците и агенциите пред отпочнувањето на сезоната на патувања. (Министерство за економија, сала за состаноци на 1 кат/11:30)

Скопје – Потпишувањето  меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија меѓу Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. (простории на Народна банка/11:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. (Медија центар на Владата/10:30)

Скопје – Средба со новинари на министерот за здравство Венко Филипче. (М6 Едукативен центар кај Пивара/13:00/ Втор ден од обуката за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурсите каде здравствените работници, полицијата, армијата и противпожарната бригада преку практичен пример ќе се справуваат со масовна катастрофа. (М6 Едукативен центар/11:30)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси ќе ја одржи шестата седница. (ДКСК/11:00)

Скопје – Серија на DigiGirlz на која ќе се понуди инспирација, едукација и поддршка на секое девојче кое сонува да биде дел од IT светот и СТЕМ професиите. (простории на ФИНКИ/10:30, медиумите да пристигнат во 10:15)

Скопје – Одбележување на 21-ви Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. (Кинотека на Македонија)

– Свечено отворање и одбележување на светскиот ден (17:00-17:20)

– Прикажување на видео запис „Hey you listen” на Стефанија (17:20-17:30)

– Документарен филм снимен за време на подготовката на спотот (17.30-18.00)

– Коктел  (18.00-18.30)

Скопје – Конференција за печат на која ќе се доделат наградите за „Најеколошки општини и градоначалници во Македонија“ за 2018 година. (простории на Стопанската комора, 5-ти кат/11:00)

Скопје – Отворање на информативно катче од страна на претставници од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ, каде граѓаните од општина Ѓорче Петров ќе имаат можат да се информираат како трошењето на буџетот на општината влијае на квалитетот на живот на граѓаните и за можностите за нивно учество во процесот на изготвување на буџетот на општината. (простории на Општина Ѓорче Петров/10:00)

Скопје – Промоција на публикацијата „Културното наследство во Дебарско – реканскиот регион“. (Музеј на Град Скопје/12:00)

Скопје – Промоција на книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ од група на автори, професори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и Јован Андоновски, во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“. (Свечена сала на Правниот факултет „Јустинијан Први“/11:00)

Скопје –  Заеднички настан под мотото „Пролет за сите“ во државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов ” и ПСУ „Јахја Кемал“ на кој е предвидено и потпишување меморандум меѓу двете училишта. (Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов “/11:00 – 13:00)

Скопје – Започнува четвртото издание на Fashion&Lifestyle Expo! По официјалното отворање следува настап на саксофонистка Александра Илиева, после чиј настап публиката ќе има можност да ја проследи ревијата на Per Sempre. Вечерта ќе ја затвори селекцијата на пријатни звуци на DJ Micajkov. (МОБ/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close