Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

14 март 2019

14 март 2019

Вилнус –  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во посета на Литванија каде ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО во литванскиот Сејм.

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 91-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје –  Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 141 седница (Сала 4/10:00) и 140 седница. (Сала 4/10:15)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 10/10:30)

Скопје – Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на Собранието на Република Северна Македонија во работна посета во просториите на Оперативно – техничката агенција (ОТА) во рамки на остварувањето на своите надлежности за надзор над посебните истражни мерки за следење на комуникациите. (11:00)

Скопје – Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО ќе оствари средба со Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО. (Сала на Уставна комисија/11:30)

Тркалезна маса на тема „Политичката ситуација во земјата, регионалните односи, економски реформи и односи со НАТО“. (Сала „Борис Трајковски“/12:05)

Скопје – Премиерот Зоран Заев и претседателот на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, Славе Младеновски ќе потпишат меморандумот за соработка. (Влада на РСМ, свечена сала/12:00/сниматели и фоторепортери, изјави за медиумите не се предвидени, претставниците на медиумите да влезат од страна на Медија центарот на Владата, најдоцна до 11:45)

Скопје – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на отворање на изложбата „100 години Требениште“. (хол на Археолошки музеј/19:00, изјави за медиумите 18:45).

Скопје – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. (ДИК/11:00, инсерти од средбата-фоторепортери и камермани/11:30, изјави за медиуми во прес-корнер по завршување на средбата/11:45)

Скопје – Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек во официјална посета на Република Северна Македонија.

– Пристигнување во МНР на РСМ. (Влез на МНР, фото/видео инсерти/15:55)

-Тет-а-тет средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи Томаш Петжичек. (Кабинет на МНР, фото/видео инсерти/16:00)

-Пленарни разговори меѓу двете делегации. (МНР, сала на 1 кат, фото/видео инсерти/16:20)

-Потпишување на меморандум меѓу двете министерства. (МНР, сала на 1 кат, фото/видео инсерти/16:40)

-Прес-конференција на министрите Димитров и Петжичек. (приземје, хол на МНР/16:50)

Скопје – Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе се обрати на дводневниот консултативниот Форум за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово. (х.Бест вестерн“/11:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ќе одржат прес-конференција за исплата на субвенции за одржување на овошни насади. (МЗШВ/13:00)

Скопје – Здружението на дипломирани студенти од Турција и Амбасадата на Република Турција организираат работен појадок на кој е најавен министерот за надворешни работи Никола Димитров (х.„Хилтон“/10:30)

Скопје –  Основното јавно обвинителство Скопје ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци. (Јавното обвинителство на Република Северна Македонија/10:30)

Скопје – Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески ќе оствари работен состанок со шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар. (СКМ, сала 3, 3 кат, изјави за медиуми 13:30)

Скопје – Дебата на тема „Рециклирање на отпад – искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании“ во рамки на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. (СКМ, сала 4, 5 кат/11:00, изјави за медиуми/10:45)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна  Македонија (РКЕ) ќе одржи подготвителна седница. (РКЕ/9:30)

Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 13-та седница. (АВМУ/9:30)

Скопје – Втора национална конференција за граѓанско општество „Научени лекции по спроведување на проектите од Грантовата шема Активирај“. (Граѓански ресурсен центар/11:00)

Скопје – Конференција на тема „Глобални цели за локална одржливост“ во организација на Конект. (х.„Хилтон“/11:30)

Скопје – Трибина на тема „Со алтернативниот превоз до поголема безбедност во сообраќајот“ во организација на АМСМ.(Јавна соба/18:00)

Штип – Дебата на тема „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судството?“ во организација на Институтот за човекови права. (Универзитет „Гоце Делчев“, Правен факултет/изјави за медиуми/11:30-11:45)

Скопје – Македонската платформа против сиромаштијата ќе одржи прес-конференција. (Пред Собрание на РСМ/10:00)

Скопје – Амбасадата на Италија, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница на Република Македонија организираат настан „Мемориа“ по повод 76 години од депортацијата на македонските Евреи и 75 години од повторното востановување на еврејската заедница по Холокаустот. (Меморијален центар на Холокаустот/17:30)

Струмица – Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот. (х.„Вила Парк“, изјави за медиуми/12:00)

Скопје – Македонското здружение за заштита при работа ќе ја промовира Националната студија за безбедност и здравје при работа. (Машински факултет, просторија К3-9, нова зграда, 3 спрат/11:00)

Скопје – Отворање на натпревар за Социјално претприемништво – СИА 2019. (ФИТР, ГТЦ-1 кат/12:00)

Сараево – На Меѓународниот фестивал „Сараевска зима“ со заедничка изложба „Триплет“ ќе се претстават уметниците Славица Јанешлиева-Бачварска, Гоце Наневски и Игор Сековски. (Галерија АЛУ/14:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close