Најава на настани

МИА најави – МКД

21 март 2019

21 март 2019

Единбург – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на студиска посета организирана од Вестминстер фондација за демократија.

Скопје – Средба на пратеници со делегација од Собранието на Република Косово. (Сала на Уставна комисија /11:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4 / 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4 / 12:30 и 13:15)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 4 /13:00)

Тетово – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ја посетат млекарницата „Сентис АГ“ во село Џепчишта.(11:30)

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на работилницата од проектот ASPires во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. (х. „Бест вестерн“ – Отворање  на работилницата / 9:30; обраќање на министерката Шекеринска / 10:15)

Скопје – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари работна средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Кристос Спирцис. (Министерство за транспорт и врски; Изјави за медиумите во 12:15)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се обрати на отворањето на јавната дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“. (х. „Aлександар палас“ / 10:00)

Скопје – Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски и скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов на прес-конференција ќе информираат за претстојната посета на папата Франциск. (Спомен-куќа на Мајка Тереза / 12:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и  Детскиот културен центар „Карпош“ заедно со Здружението „Трисомија 21“ со пригодна програма под мотото „Заедно можеме“ ќе го одбележат Денот на децата и лицата со Даунов синдром. (Детски културен центар „Карпош“/12:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ по повод одлуката на Уставниот суд да го укине мораториумот над деталните урбанистички планови во Општина Центар. (Простории на Општината, барака 6 /11:00)

Скопје – Прес-конференција за настан за презентација на резултатите од  истражувањето и  мониторингот на  јавните набавки на локалните самоуправи во Скопскиот Регион, од проект што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата „Фокус“ со финансиска поддршка од Европската Унија. (х. „Порта“/11:00) 

Скопје – Граѓанската иницијатива „Здравје пред профит“ во партнерство со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе одржи форум: „Шанса за Скопје: Во каков град сакаме да живееме“. (х. „Холидеј ин“ / 14:00)   

Гостивар – Потпишување спогодба за соработка меѓу приватните високообразовни установи  во државата и конститутивна седница на Конференцијата на приватни високообразовни установи (KПВУ)(Простории на Меѓународен универзитет „Визион“ /13:00)

Скопје – Конференција  „Smart cities – Градови на иднината“ организирана од Амбасадата на Италија и ИТА во рамки на „Italian Design Day“ – посветен на италијанскиот дизајн и архитектура во светот. (Галерија Чифте амам / 18:00)    

Скопје – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, ќе засадат садници по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на шумите.  (Двор на ООУ ,,Мирче Ацев”/10:00)

Битола – Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ќе учествува во акцијата „Дај свој придонес – засади дрво“, организирана од „Интерворкс“ во соработка со Општина Битола и ЈП „Комуналец“-Битола. (Градски парк /11:00)

Скопје – Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, ќе отвори Еко-камп за млади претприемачи за Општина Карпош, по повод Денот на екологијата и првиот ден на пролетта. (ОУ „Петар Поп Арсов“ / 10:00)

Гостивар – Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе присуствува на активностите со кои ќе бидат одбележани Светскиот ден на децата и лицата со Даунов синдром и Денот на екологијата. (Гимназија / 10:45)

Скопје – Семинар „Локалните младински совети ќе раководат“ во организација на Центарот за економски, политички анализи и консалтинг – ЦЕПАК со поддршка од НАТО Дивизијата за јавна дипломатија од Брисел. (х. „Континентал“/12:00)

Скопје – Претставници од „Македонија блокира“ ќе дадат изјава за медиумите. (Пред зградата на ОЈО – Скопје/13:00)

Скопје – Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе го прогласат добитникот на наградата „Златен венец“ за 2019 година. (МАНУ / 11:00)

Скопје – Општина Центар  и  ученици од ОУ „Гоце Делчев“ ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата. (Читалница „Славко Јаневски“ /10:00)

Скопје – Книжевна средба и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата. (Културен центар „Феникс“ /12:00)

Штип – Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата на настан „Плати кафе со поезија, 2019“. (Универзитетски ресторан /11:00)

Скопје – Акција „Плати со поезија“ на  „Јулиус Мајнл“ за Светскиот ден на поезијата. (Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21)

Скопје – Промоција на ДВД-изданието на играните филмови на Кирил Ценевски: „Црно семе“, „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“. (Кинотека на Северна Македонија /12:00)

Скопје – Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“ ќе одржи комеморативна седница по повод смртта на д-р Зденка Рибарова, научен советник во пензија од Институтот и за македонски  член на МАНУ во надворешниот состав.(Амфитеатар на Институтот /10:00)

Скопје – Симфониски концерт „Фантазија апасионата“ со австрискиот виолинист Бенџамин Шмит. (Македонска филхармонија /20:00)

 Скопје – Со изложбата „Портали 2019“ ќе биде одбележан Европскиот ден на уметничката креативност  – дел од проектот CreArt (Мрежа на уметничко творештво), во организација на Град Скопје и Музеј на Град Скопје. (Музеј на Град Скопје / 20:00)

Скопје – Книгоиздателството МИ-АН ќе ја промовира книгата „Златниот коњ: руски народни сказни“. (Салон 19,19/ 19:19)

______________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close