Најава на настани

МИА Најави – МКД

16 март 2019

16 март 2019

Струмица – Претставници на Еуромакс Ресурсис, концесионер на рудникот за бакар „Иловица – Штука“ ќе одржат средба со жители од општините Босилово и Ново Село. (хот. „Цар Самоил“, Банско/19:00)

Штип – Научен симпозиум на тема „Дерматологија 2020“ организираат Факултетот за медицински науки и Здружението на дерматовенеролози. (Мултимедијален центар на Универзитетот „Гоце Делчев“/08:30, изјави за медиуми во 10:45)

Скопје – Европското здружение на студенти по право организира настан на тема „Остварување и заштита на правата на работникот”. (Правен факултет/10:00)

Скопје – Шести редовен конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија. (хот.„Холидеј Ин“/11:00)

Битола – Здружението за граѓански активизам „ФОРУМ 16“ организира донаторски настан „Светло. Камера. Акција! за активни и вклучени млади“. (Мала сала на Центарот за култура Битола/17:00)

Скопје – Прес-конференција на Сестри и Брат Митевски Продукција и Агенцијата за филм по повод македонската премиера на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска. (Ресторан „Four“, хот.„Парк“/12:00)

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close