0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Македонскиот јазик еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ

Македонскиот јазик е еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ, поточно тој е признаен, исто како и македонското малцинство во Романија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Стразбур, 26 март 2019 (МИА) – Македонскиот јазик е еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ, поточно тој е признаен, исто како и македонското малцинство во Романија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во рамките на изложбата поставена во  Европскиот парламент, наспроти хемисиклот каде се оддржуваат пленарните сесии, поместена е мала изложба за мултијазичноста во земјите членки на Европската Унија.

Така на паното посветена на Романија, меѓу јазиците кои се признати официјално како јазик на официјално признато национално малцинство кое живее на нејзината територија се наоѓа и Македонскиот  јазик. тг/са/

Back to top button
Close