0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Литванија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата ќе присуствува и пред пратениците во литванскиот Парламент ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Протоколот досега го ратификуваа седум земји членки на НАТО. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора, а вчера и Романија.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.дма/сст/

Back to top button
Close