ХроникаХроника.Портал

Лажна пријава за експлозивна направа во Трговскиот центар во Струмица

Во периодот од 18 до 23 часот синоќа од СВР-Струмица било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација „Струмички карневал 2019“ поради пријава за поставена експлозивна направа во трговскиот центар.

Скопје, 10 март 2019 (МИА) – Во периодот од 18 до 23 часот синоќа од СВР-Струмица било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација „Струмички карневал 2019“ поради пријава за поставена експлозивна направа во трговскиот центар.

МВР денеска соопшти дека околу 18 часот вчера во дежурната служба во СВР-Струмица, Т.У. (32) од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.цр/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close