Дописници МКДОпштински вести

Ларвицидна дезинсекција против комарци во Куманово

Општина Куманово во понеделник, на 25 март ќе изврши ларвицидна дезинскеција на подрачјето на градот, информираа денеска, надлежните од општината. Во случај на неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се спроведе наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

Куманово, 22 март 2019 (МИА) – Општина Куманово во понеделник, на 25 март ќе изврши ларвицидна дезинскеција на подрачјето на градот, информираа денеска, надлежните од општината. Во случај на неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се спроведе наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените три кои се планираат да се спроведат на подрчајето на Куманово. Со еден третман ќе биде опфатена површина од пет хектари.

Вкупно, за ларвицидна дезинскеција, за дертаизација  против глуцви и за дезинсекција против крлежи, општината одвојува 600.000 денари без данок на додадена вредност. Годинава, тендерт го доби фирмата „Плант Медика“.

Од општината информираа дека дополнително ќе го објават тендерот за авионско прскање против комарци. ам/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close