Дописници МКДОпштински вести

Кривична пријава за дебранец за поседување мархуана

Дебранец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Дебар, 7 март 2019 (МИА) – Дебранец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– Кривичната пријава е доставена за лицето Б.О.(32) од Дебар,од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Полициска станица од општа надежност Дебар, до надлежното Јавно обвинителство, изјави денеска Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внаарешни работи од Охрид.

Според него, лицето Б.О. било затекнато во домот на А.М. од Дебар, каде полициски службеници вршеле претрес, при што, кај него била пронајдена марихуана. вт/цр/

Back to top button
Close