0_Македонија.ПорталОпштество

Консултативна средба на директорот на АМС со претставници на младински организации

Во Агенција за млади и спорт денеска се одржа консултативна средба со младински организации, на која се разговараше за активностите кои се планираат во следниот период, но исто така беше потенцирана важноста за континуираната соработка помеѓу АМС и младинските организации.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Проектот „Младинска картичка“, Јавниот повик за грантирање невладини орагнаизации, Националната стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017 и Информација за состанокот во Брисел за поглавјето 26 кое ги опфаќа и младите, се само некои од активностите што ги најавува Агенцијата за млади и спорт (АМС) за претстојниот период.
Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски, денеска, на консултативна средба, планираните активности им ги соопшти на претставниците на младинските организации и побара од нив активно да се вклучат во реализацијата.
-Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат, истакна Каевски.
На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади. Тие ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на средбата и изразија подготвеност да бидат дел од процесот на донесување одлуки и да учествуваат во креирањето
решенија.
Донесени беа и неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во април на кои ќе се разговара за националната стратегија за млади, за методолошкиот пристап за ревизија и за креирањето нов акциски план. фф/мч/

Back to top button
Close