ОпштествоСкопје

„Комунална хигиена“ и Меѓународниот балкански универзитет потпишаа меморандум за соработка

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Мехмет Дурсун Ердем, денеска потпишаа Меморандум за соработка, преку што се обврзаа на заемна помош и поддршка во областа на едукацијата и усовршувањето на кадри, како и заедничко дејствување во насока на заштитата на животната средина, информираат од претпријатието.

Скопје, 15 март 2019 (МИА) – Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Мехмет Дурсун Ердем, денеска потпишаа меморандум за соработка, обврзаувајќи се на заемна помош и поддршка во областа на едукацијата и усовршувањето на кадри, како и заедничко дејствување во насока на заштитата на животната средина, информираат од претпријатието.

– Овој меморандум ни отвора можности за различни видови на соработка, меѓу кои и изведување на практична работа за студентите, како и организирање семинари, тркалезни маси и дебати за подигнување на јавната свест за правилното постапување со отпадот, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани. мс/сд/

Back to top button
Close