0_Спорт.ПорталКошарка

Коби: Србија може да ги победи САД

На прашањето дали сега игра кошарка, Коби вели: „Сега ја тренирам мојата ќерка и нејзините соиграчи“

Лос Анџелес, 15 март 2019 (МИА) – Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант верува дека само кошаркарскиот тим на Србија може да ги победи САД.

– Ако ме прашувате дали мислам дека Србија може да ги победи САД, одговорот е – „Да“. Мислам дека тие можат да победат и се единствениот тим, со шанса да го сторат тоа. Ние мора да бидеме фокусирани и подготвени, изјави Брајант.

На прашањето дали сега игра кошарка, Коби вели: „Сега ја тренирам мојата ќерка и нејзините соиграчи“.вз

Таг
Back to top button
Close