0_Спорт.ПорталТенис

Кириос влезе во конфликт со гледач на трибините во Мајами (видео)

Минатата недела, гневниот Кириос ги фрли патиките на трибините за време на натпревар, а денес тој си дозволи уште еден непријатен момент. Австралиецот се исмеја со противникот Душан Лајовиќ, откако прво одигра форхенд во „no look“ стил, откако не гледаше кон ударот, туку во друга насока.

Мајами, 25 март 2019 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кириос уште еднаш покажа дека се наоѓа во добра форма. И не зборуваме толку за неговата игра, иако во моментов е безгрешен во Мајами, колку за однесувањето на теренот кон ривалите и публиката.

Минатата недела, гневниот Кириос ги фрли патиките на трибините за време на натпревар, а денес тој си дозволи уште еден непријатен момент. Австралиецот се исмеја со противникот Душан Лајовиќ, откако прво одигра форхенд во „no look“ стил, откако не гледаше кон ударот, туку во друга насока.

Покрај тоа, Австралиецот изврши почетен удар, кој никој не го очекуваше и направи ас, што доведе до незадоволство од фановите на трибините.

Во тој момент, тенисерот се сврте и започна да аргументира со незадоволен навивач. вз

Таг
Back to top button
Close