Дописници МКДКултураКултура.Портал

Изложбата „Обоена љубов” во Кривопаланечкиот центар за култура

Третата самостојна изложба на уметницата Маја Андонова - Јокиќ денеска беше претставена пред кривопаланчани. Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се поставени 30 од вкупно 50 слики акрил на платно кои јавноста ќе може да погледне во следните десетина дена.

Крива Паланка, 15 март 2019 (МИА) – Третата самостојна изложба на уметницата Маја Андонова – Јокиќ денеска беше претставена пред кривопаланчани. Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се поставени 30 од вкупно 50 слики акрил на платно кои јавноста ќе може да погледне во следните десетина дена.
– Овие слики се создавани изминатите три години. Воглавно, околу деведесет отсто се работени со акрил на платно, додека дел се работени во комбинирана техника. Уметноста и создавањето се моја пасија, моја внатрешна енергија и порив кои морам да ги изразам, да ги пренесам . Инспирација ми се луѓе, секојдневни ситуации и случки од животот кои ги сликам со звуците на Пинк Флојд, Дејвид Боуви. Посебен печат на мојот сликарски израз носи сликата „повторно раѓање”, изјави авторката Андонова – Јокиќ.
Изложбата првпат е претставена пред јавноста пред еден месец во галеријата на НЛБ Тутунска банка, Скопје.
Творечкиот опус на Андонова – Јокиќ досега е презентиран на три самостојни и осум групни изложби во земјата и странство. Учествувала на интернационалната групна изложба „Живот” во 2018 година во Малме, Шведска.
Андонова – Јокиќ црта и мурали, а еден од нив се наоѓа во трговскиот центар „Зебра” во населба Капиштец, Скопје. ид/вг/

Back to top button
Close