0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Изгаснати пожарите во Велешко

Доцна синоќа околу 21 часот целосно беше изгаснат големиот шумски пожар во близина на Богомила и спасен манастирот кај месноста Неделна Вода. Во гаснењето на овој пожар, кој избувна вчера претпладне, а во кој гореа високи смреки и трња, беа вклучени пожарникари од ТППЕ од Велес и доброволното пожарникарско друштво „Видра“ од Велес, од месното население од Богомила и од ШС „Бабуна“.

Велес, 25 март 2019 (МИА) – Доцна синоќа околу 21 часот целосно беше изгаснат големиот шумски пожар во близина на Богомила и спасен манастирот кај месноста Неделна Вода. Во гаснењето на овој пожар, кој избувна вчера претпладне, а во кој гореа високи смреки и трња, беа вклучени пожарникари од ТППЕ од Велес и доброволното пожарникарско друштво „Видра“ од Велес, од месното население од Богомила и од ШС „Бабуна“.

Како што изјави за МИА, Љупчо Лепидовски, командир на ППЕ Велес, кој беше вклучен во акцијата за гаснење, биле вложени натчовечки напори за да се справат со огнената стихија и да го спасат манастирот.

Во обиколка на теренот денеска ќе бидат екипи од ШС „Бабуна“.

Инаку, вработени од ШС „Бабуна“ од Велес вчера целосно го изгаснаа и пожарот кај село Оморани, кој избувна во саботата, а во кој гореа пет хектари нискостеблеста дабова шума над манастирот.

Екипи на ППЕ од Велес и ШС „Бабуна“ денеска ќе прават увид на овие опожарени терени, како и на теренот кај село Караслари, каде што за два дена изгореа 50 хектари квалитетна борова шума. На овој терен вчера дежураа вработени од ШС „Бабуна“ од Велес. ад/сст/

Back to top button
Close