Дописници МКДОпштински вести

Иницијатива: ФК „Победа“ да биде градски клуб

За 5.000 досегашните акционери на најпопуларниот спортски клуб во Прилеп, ФК „Победа“ своите акции му ги отстапуваат на градот. Финансиската поддршка на Општината останува, ќе продолжи одделувањето три милиони денари од локалниот буџет.


Прилеп, 27 март 2019 (МИА) – За 5.000 досегашните акционери на најпопуларниот спортски клуб во Прилеп, ФК „Победа“ своите акции му ги отстапуваат на градот. Финансиската поддршка на Општината останува, ќе продолжи одделувањето три милиони денари од локалниот буџет.

Според потпретседателот на клубот и еден од акционерите, Ирена Јакимоска, ова е за да им се врати клубот на граѓаните.

-Причината за отстапување на акциите е да се врати клубот на оние на кои им припаѓа, на граѓаните на Прилеп, на градот Прилеп, а нашата одлука беше поддржана и од градоначалникот Јованоски. Ние сме пет акционери и согласноста е обезбедена од сите. Акциите ќе бидат дадени на јавна објава, на продажба на останати компании, на сите кои се заинтересирани за спас на „Победа“ и да се врати клубот онаму каде што припаѓа. Ќе останеме покрај новото раководство и финансиски ќе го поддржуваме, изјави  Јакимоска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вели дека со отстапувањето на акциите на градот, се отвора можноста во клубот да инвестират сите заинтересирани граѓани и бизнисмени.

-Од овој момент акциите на клубот стојат на располагање. Упатувам апел до сите стопанственици и заинтересирани граѓани кои ги сакаат фудбалот и клубот „Победа“, да вложат средства во клубот и тој во иднина успешно да функционира. На стадионот се одвиваат градежни работи, се поставува покривната конструкција на северната трибина. До почетокот на новата фудбалска сезона, Општината ќе ги исполни сите преземени обврски, за кои од буџетот се издвоени околу 40 милиони денари. Се надевам дека и Фудбалската федерација ќе го исполни ветувањето и ќе постави нова трева, со што од следната сезона љубителите на фудбалот од Прилеп на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, по пауза од неколку години, повторно ќе гледаат прволигашки фудбал, рече Јованоски.

До крајот на првенството со Клубот ќе раководи генералниот секретар на ФК „Победа“ Миле Спиркоски, а Тони Мегленски, шеф на Стручниот штаб, кој нагласува дека ќе се рабопти максимално професионално да се повторат поранешните добри резултати. ем/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close