Дописници МКДОпштински вести

Информативна точка за поголема вклученост на граѓаните во изготвување на буџетите

Во просториите на општина Крива Паланка вчера беше отворено информативно катче за зголемување на свеста на локалното население за нивното вклучување во процесот на изготвување на буџетот на општинско ниво.

Крива Паланка, 20 март 2019 (МИА) – Во просториите на општина  Крива Паланка вчера беше отворено информативно катче за зголемување на свеста на локалното население за нивното вклучување во процесот на изготвување на буџетот на општинско ниво.

Отворањето на ова катче е во рамки на активноста „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините“ спроведувана од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На отворањето  присуствуваа претставници на општините и претставници на мрежата ФИСКАСТ, кои со заинтересираните граѓани дискутираа за начините за нивно вклучување во креирањето на локалниот буџет.

Јорданчо Миневски, претставник на мрежата ФИСКАСТ истакна: „Учеството на граѓаните во процесот на изготвување на буџетот на нивната општина е од важно значење за креирање буџет согласно потребите на локалната заедница.

– Целта на ова информативно катче е токму тоа: да ги запознае жителите на Кавадарци со можностите за нивно учество во овој процес и да ги информира граѓаните за поврзаноста помеѓу трошењето на буџетските средства и квалитетот на живот во нивната општина, рече Миневски.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку тригодишна соработка ја поддржа мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ во процесот на подобрување на праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и зголемување на ефикасноста на трошењето на општинските пари. Информативна точка беше отворена и во општина Старо Нагоричане. ид/аа/

 

Таг
Back to top button
Close