0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Грчката федерација на индустрии бара договор со Северна Македонија за избегнување на двојното оданочување

Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Северна Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.

Атина,15 Март 2019 (МИА) – Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Северна Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.

Од Федерацијата сметаат дека договорот “ќе биде силен поттик за зајакнување на економската соработка на двете земји, со тоа ќе им се даде можност на грчките бизниси што се активни во земјата да ја подобрат нивната позиција, а тоа ќе погогне во зголемувањето на грчкото присуство во регионот”, јави дописничката на МИА од Атина.ср/сд/

Back to top button
Close