0_Македонија.ПорталДописници МКД

Градежни активности во Сончев град и на влезот и излезот од Штип

Заврши изградбата на канализациската и водоводна мрежа во новата населба Сончев град во Штип, информираше денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев.

Штип, 7 март 2019 (МИА) – Заврши изградбата на канализациската и водоводна мрежа во новата населба Сончев град во Штип, информираше денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев.

-Комплетно е изградена новата канализациска мрежа во должина од 800 метри, останува уште еден крак од водоводната мрежа. Но, еве во наредниот период инвеститорот, односно оние кои што имаат плацеви и за индивидуални куќи да се приклучат на канализациската и водоводна мрежа, рече Тасев.

Инаку, во штипскиот Сончев град ќе се градат вкупно 40 индивидуални куќи, за што инвеститорот си ги има подмирено своите обврски кон општината.

Градежни активности има и на влезот и излезот на градот Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на пешачката патека до факултети во Кампус 4.

-Испроектиравме тротоар, којшто служи не само да го разубави овој дел од градот, туку и за движење на убава пешачка патека за граѓаните, пред се, овде мислам и на студентите коишто се движат кон Кампус 4. Така што ќе можат да имаат услови за безбедно движење овде по еден нов тротоар којшто е со должина од 1.250 метри и квадратура од 1.900 метри квадратни. Станува збор за инвестиција на Општина Штип од 2,3 милиони денари, рече Бочварски.

Општина Штип дополнително ќе постави и клупи за граѓаните и улично осветлување, со што влезот на градот ќе добие нов поубав лик. вдј/вг/

Back to top button
Close