Оригинални текстови

Георгиевски: До ДКСК навремено ги доставив анкетниот лист и изјавата за интереси

Како градоначалник на општина Гази Баба, носител на јавна функција целосно ја поддржувам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и немам никаква намера да се мешам во нивната работа, ниту пак да влијаам на нивните одлуки.

Скопје, 15 март 2019

Како градоначалник на општина Гази Баба, носител на јавна функција целосно ја поддржувам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и немам никаква намера да се мешам во нивната работа, ниту пак да влијаам на нивните одлуки.

Во интерес на јавноста сакам да известам дека со моето стапување на должноста градоначалник, согласно законскиот рок до антикорупциската комисија се навремено доставени и анкетниот лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит и истата е уредно пријавена и архивирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Денешната Изјава од страна на Претседателката на државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту Изјава за интереси ниту Анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата.

Токму од таа причина поради тоа што јавно на прес конференција беа соопштени информации кои не се вистинити, преку кои бев лично деградиран, а со тоа и општината и функцијата која ја извршувам, барам јавно извинување од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Општина Гази Баба Одделение за односи со јавност

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close