Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Француската полиција опколи затвор каде затвореник нападна чувари

Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож, јави дописникот на МИА од Франција.

Париз, 5 март 2019 (МИА) – Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож, јави дописникот на МИА од Франција.

На местото на инцидентот се регистрани серија детомнации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата.

Регионални полициски тимови за интервенции и РАИД елитни одреди на националната полиција пристигнале попладнево во затворот каде напаѓаот и негова пријателка се забарикадирани од утрото во делот за посети.

Нападот врз полицајците бил извршен утрото околу 9.45 часот.

Министерката за правда,Никол Белубе исто така, побара инспекција на затворот Конде-сур-Сартр во Орн. За министерката, „нападот има терористички карактер”. тг/зш/

Back to top button
Close