0_Спорт.ПорталОстанато

Фетел: Мерцедес е во своја лига

Актуелниот светски шампион Хамилтон го постави темпото наутро и остана најбрз цел ден. Позагрижувачко за Ферари, сепак, е дека попладне Ботас го стигна темпото на својот тимски колега, а и двата Ред була беа побрзи од „Скудерија“.

Мелбурн, 15 март 2019 (МИА) – По првиот ден на тренинзи за сезоната 2019, Себастијан Фетел изјави дека Мерцедес се во „нивна сопствена лига“. Четирикратниот светски шампион ги нарече бесмислици извештаите дека „сребрените стрели“ не се во форма.

Актуелниот светски шампион Хамилтон го постави темпото наутро и остана најбрз цел ден. Позагрижувачко за Ферари, сепак, е дека попладне, Ботас го стигна темпото на својот тимски колега, а и двата Ред була беа побрзи од „Скудерија“.

– Мислам дека Мерцедес беше многу брз. Не знам дали бевме побавни, но тие едноставно се натпреваруваат во своја лига. Не знам какви беа тие глупости дека не се во форма и така натаму. Искрено не разбирам. Така да, ова беше изненадување, изјави пилотот на Ферари.

За лошото темпо, Себастијан ги обвини проблемите кои ги доживеале попладнето, и кои го направиле несигурен во управувањето на својот СФ90, и покрај позитивните сигнали од тестовите во Барселона.

– Не успеавме да влеземе во ритам, а тука тоа е многу суштинско. Автомобилот не ме слуша, како што беше случај во Барселона, и тоа ме прави несигурен, заврши Германецот.вз

Таг
Back to top button
Close