0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Ф4-турнирот во СЕХА-лигата ќе се игра во Брест

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по завршувањето на натпреварите од последното коло.

Брест, 11 март 2019 (МИА) – Завршниот турнир од регионалната СЕХА-лига оваа сезона ќе се одржи во Брест на 2, 3 и 4 април, објавија денеска од раководството на ракометното натпреварување.

Градот, од каде што доаѓа тимот на Мешков, по втор пат ќе биде домаќин на завршницата на турнирот, а заедно со белорускиот тим, за трофејот ќе се борат и актуелниот шампион РК Вардар, ППД Загреб и Нексе.

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по завршувањето на натпреварите од последното коло.вз

Таг
Back to top button
Close