Останато

Фјури и Вајлдер ќе се борат најрано во февруари 2020 година

Пред неколку недели стана јасно дека сигурно двајцата ќе одржат барем по еден натпревар пред евентуалниот реванш, а според Арам, тој нема начин како да се одржи пред крајот на 2019-та.

Њујорк, 25 март 2019 (МИА) – Една од најочекуваните вести во светот на боксот е дали ќе има реванш меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, откако минатата година двајцата не успеаја да се победат.

Американскиот промотор на Фјури, Боб Арам, изјави дека Британецот е подготвен да се соочи со Вајлдер, но тоа може да се случи најрано во февруари 2020 година.

Пред неколку недели стана јасно дека сигурно двајцата ќе одржат барем по еден натпревар пред евентуалниот реванш, а според Арам, тој нема начин како да се одржи пред крајот на 2019-та.

– Ако претпоставиме дека тој (Фјури) го освои овој натпревар, ќе има уште една борба во САД. Потоа да се надеваме дека во февруари следната година ќе се сретне со Вајлдер. Нивната идеја е Вајлдер да се бори два пати на нивната платформа, а потоа заедно да спроведеме „пеј-пер-вју“ меч, вели Арам.вз

Таг
Back to top button
Close